stb logo

Апликација за TOPSI пакет за млади

Изберете производ


img product

Детали за производот

TOPSI - пакет на банкарски услуги за млади на возраст до 28 години кој ви овозможува:

  • Бесплатна MasterCard TOPSI дебитна картичка, со cool дизајн, меѓународна прифатеност и можност за безбедни интернет плаќања насекаде во светот
  • Трансакциска сметка без месечен надомест за одржување за ТОПСИ клиентите кои сеуште не земаат плата (не се вработени)
  • Бесплатено електронско и мобилно банкарство (за Android & iPhone), односно пристап до i-bank услугите на Банката со 24/7 увид во вашите сметки како и можност за плаќања
  • TOPSI Pay брзи (P2P) m-banking плаќања со сите TOPSI Pay корисници - само со избор на телефонскиот број од именикот и износот за плаќање (без да мора да се внесува сметката и останатите податоци) при што префрлените средства се достапни на картичка веднаш 24/7
  • Супер попусти и зделки на бројни продажни места, секогаш кога ќе плаќате или се идентификувате со MasterCard TOPSI картичката

Сеуште не си ТОПСИ? Не чекај, регистрирај се уште веднаш и ќе го добиеш ТОПСИ пакетот во било која од филијалите на Стопанска банка. Постапката е едноставна а со вас треба да носете само лична карта за идентификација.

 

  • Бесплатна MasterCard TOPSI дебитна картичка, со cool дизајн, меѓународна прифатеност и можност за безбедни интернет плаќања насекаде во светот
  • Трансакциска сметка без месечен надомест за одржување за ТОПСИ клиентите кои сеуште не земаат плата (не се вработени)
  • Бесплатено електронско и мобилно банкарство (за Android & iPhone), односно пристап до i-bank услугите на Банката со 24/7 увид во вашите сметки како и можност за плаќања
  • TOPSI Pay брзи (P2P) m-banking плаќања со сите TOPSI Pay корисници - само со избор на телефонскиот број од именикот и износот за плаќање (без да мора да се внесува сметката и останатите податоци) при што префрлените средства се достапни на картичка веднаш 24/7
  • Супер попусти и зделки на бројни продажни места, секогаш кога ќе плаќате или се идентификувате со MasterCard TOPSI картичката

Постапката е едноставна а со вас доволно е да носите само лична карта.

Целосна листа на трговските партнери кај кои преку MasterCard TOPSI картичката можеш да побараш попуст, само затоа што си ТОПСИ, е достапна на topsi.mk/popusti-i-zdelki/  

MasterCard TOPSI дебитната картичка е без годишно членство, а трошок за обнова на картичката во износ од 90 МКД се наплаќа по истекот на 5 години (само за годината кога се изработува обновената картичка).

Добивате бесплатен i-bank пристап за увид а доколку побараш пристап со можност за трансакции следува бесплатен ОТП ТОКЕН за направени 10 i-bank плаќања (e-banking, m-banking или phone banking) на било кој износ, во првите 6 месеци.

Доколку се уште не си вработен добиваш и ослободување од трошокот за водење на трансакциска сметка.

24 ЧАСА КОНТАКТ ЦЕНТАР: 02/3100-109

kontatcentar@stb.com.mk

11 Октомври 7, 1000 Скопје, Република Македонија

Пополнете ги Вашите податоци

 
 
   
 
 
   
Согласен/на сум со условите за аплицирање

Внесените лични податоци се точни и проверени и согласен сум истите да можат да се регистрираат, обработуваат и зачувуваат во согласност со законите и интерните акти на Стопанска банка АД - Скопје. Согласен сум по испраќањето на податоците да бидам телефонски контактиран од страна на Стопанска банка за комплетирање на апликацијата во телефонски разговор, како и да бидам контактиран и информиран за карактеристиките на производите/услугите на Банката. Согласен сум Стопанска банка АД – Скопје, да добие извештај за фактичката состојба на моите обврски, исклучиво за целите на ова барање (апликација) за банкарски производи и за времетрањето на неговото користење. Видови на извештај: Минимален извештај, Извештај за пристигнати неплатени обврски, Основен извештај, детален извештај за обврска, Збирен извештај, Мониторинг извештај, Оптимален извештај. Запознат/а сум дека: 1. МКБ може да подготви и достави извештај на Корисник на податоци само со моја претходна писмена согласност. 2. Имам право на увид во податоците кои се водат во МКБ, како и да ја оспорам точноста и целосноста на кој било податок содржан во извештајот. 3. МКБ не сноси одговорност заради податоците содржани во извештајот или за каква било неповолна активност превземена од Корисникот на податоците спрема мене, заснована целосно или делумно на извештајот, освен во случај на доставување на лажни информации со цел да ми наштети мене или на давателот на податоци или на корисникот на податоци. 4. МКБ ги брише моите податоци по изминување на 5 години од исплатата на обврската или затварање на сметката. 5. Имам право со писмена изјава да ја повлечам оваа согласност. Оваа согласност ја давам во согласност со Законот за кредитно биро („Службен весник на РМ“ бр. 81/08 и 24/11) и Законот за заштита на личните податоци („Службен весник на РМ“ бр. 07/05, 103/08 и 124/10). Согласен сум, доколку платата не ја земам на сметка во Стопанска банка, Банката да може да побара да посетам некоја од филијалите на Банката за потребите на идентификација и/или ажурирање на личните податоци, како и евентуално приложување (во случај на потреба) на дополнителни податоци/документи за кои би бил информиран од Банката. Согласен сум и информиран дека Банката ги разгледува само апликациите кои се комплетирани и за кои не треба да се приложи дополнителна документација. Согласен сум и информиран за можноста Банката да го одбие моето барањето во согласност со законите во РМ и актите на Банката и/или да побара дополнителна документација и/или проверка и/или да ме повика аплицирањето да го комплетирам со лична посета на некоја од филијалите на Стопанска банка АД - Скопје. Се согласувам Банката да ги користи моите лични податоци со цел да врши проверка или верификација во Кредитниот Регистар и други бази на податоци за целите на воспоставување на деловниот однос, а во согласност со законите и интерните акти на Банката. Изјавувам дека сум согласен Стопанска банка бесплатно да ме информира за износот доспеаните обврски кон банката преку СМС порака на наведениот телефонски број. Потврдувам дека со притискањето на „Аплицирај Сега“ давам моја писмена согласност за горенаведените услови и информиран сум дека истата можам да ја повлечам преку филијалите на Банката или со јавување во Контакт Центарот.