stb logo

Апликација за Visa Интернет дебитна картичка

Изберете производ



Детали за производот

  • VISA Internet е дебитна картичка наменета за за купување преку интернет (e-commerce)
  • 3D Secure - безбедни интернет купувања
  • Не се користи на физички трговски локации или банкомати
  • Увид во состојбата преку e-banking и m-banking
  • За повеќе информации посетете го овој линк

КОРИСНИ СОВЕТИ ЗА ИНТЕРНЕТ-ТРГУВАЊЕ 
•  Купувајте кај веб-трговци на кои им верувате. Ако не сте чуле за нив, проверете ги. Бидете внимателни, како кога правите нарачки преку пошта или телефон;
•  Бидете сигурни дека веб-страницата од каде што купувате ви дозволува да користите безбеден веб-пребарувач како што се Интернет експлорер или Мозила или сл. Ќе знаете дека страницата каде што вршите нарачка е кодирана и безбедна ако на долниот лев агол на прозорецот на пребарувачот се појави заклучена брава или непрекинат синџир. Во повеќето случаи, адресата на трговецот, исто така, ќе се промени од http:// во https://. Ако бравата е отворена или, пак, синџирот е прекинат, не е безбедно, па препорачуваме да купувате на други веб-страници;
•  Ако користите веб-страница што бара ваша регистрација, чувајте ја вашата лозинка во тајност;
•  Водете евиденција за направените трансакции при што ќе ја отпечатите страницата со нарачката како и условите на купувањето или, пак, запишете го телефонскиот број на трговецот, неговата e-адреса и интернет-адреса, која почнува со http:// - заедно со тоа што сте го купиле, цената и датумот. Повеќето трговци на интернет им праќаат на потрошувачите e-пошта со комплетна информација и податоци за купувањето. Чувајте ги овие информации;
•  Проверете ја политиката за достава и за враќање на производот. Веб-страницата, исто така, треба да ве извести за начинот на испорака и за трошоците, валутата што се користи, како и за даноците што се плаќаат. Имајте предвид дека увозните царини можат да бидат скапи;
•  Ако се претплатувате, бидете сигурни дека претплатата се однесува само на тој период за кој сте заинтересирани. Не согласувајте се на нешто што не го разбирате во целост – договор склучен на веб-страница е законски обврзувачки.

 

VISA Интернер картичката е без трошоци за годишно членство и без провизија за купување на интернет.

  • 24 ЧАСА КОНТАКТ ЦЕНТАР
  • ТЕЛ:  02/3100-109
  • ТЕЛЕФОНСКО АПЛИЦИРАЊЕ: 15110
  • е-mail: kontaktcentar@stb.com.mk
  • АДРЕСА: 11 Октомври 7, 1000 Скопје, Република Македонија

Пополнете ги Вашите податоци

 
 
   
 
 
   
Согласен/на сум со условите за аплицирање

Внесените лични податоци се точни и проверени и согласен сум истите да можат да се регистрираат, обработуваат и зачувуваат во согласност со законите и интерните акти на Стопанска банка АД - Скопје. Согласен сум по испраќањето на податоците да бидам телефонски контактиран од страна на Стопанска банка за комплетирање на апликацијата во телефонски разговор, како и да бидам контактиран и информиран за карактеристиките на производите/услугите на Банката. Согласен сум Стопанска банка АД – Скопје, да добие извештај за фактичката состојба на моите обврски, исклучиво за целите на ова барање (апликација) за банкарски производи и за времетрањето на неговото користење. Видови на извештај: Минимален извештај, Извештај за пристигнати неплатени обврски, Основен извештај, детален извештај за обврска, Збирен извештај, Мониторинг извештај, Оптимален извештај. Запознат/а сум дека: 1. МКБ може да подготви и достави извештај на Корисник на податоци само со моја претходна писмена согласност. 2. Имам право на увид во податоците кои се водат во МКБ, како и да ја оспорам точноста и целосноста на кој било податок содржан во извештајот. 3. МКБ не сноси одговорност заради податоците содржани во извештајот или за каква било неповолна активност превземена од Корисникот на податоците спрема мене, заснована целосно или делумно на извештајот, освен во случај на доставување на лажни информации со цел да ми наштети мене или на давателот на податоци или на корисникот на податоци. 4. МКБ ги брише моите податоци по изминување на 5 години од исплатата на обврската или затварање на сметката. 5. Имам право со писмена изјава да ја повлечам оваа согласност. Оваа согласност ја давам во согласност со Законот за кредитно биро („Службен весник на РМ“ бр. 81/08 и 24/11) и Законот за заштита на личните податоци („Службен весник на РМ“ бр. 07/05, 103/08 и 124/10). Согласен сум, доколку платата не ја земам на сметка во Стопанска банка, Банката да може да побара да посетам некоја од филијалите на Банката за потребите на идентификација и/или ажурирање на личните податоци, како и евентуално приложување (во случај на потреба) на дополнителни податоци/документи за кои би бил информиран од Банката. Согласен сум и информиран дека Банката ги разгледува само апликациите кои се комплетирани и за кои не треба да се приложи дополнителна документација. Согласен сум и информиран за можноста Банката да го одбие моето барањето во согласност со законите во РМ и актите на Банката и/или да побара дополнителна документација и/или проверка и/или да ме повика аплицирањето да го комплетирам со лична посета на некоја од филијалите на Стопанска банка АД - Скопје. Се согласувам Банката да ги користи моите лични податоци со цел да врши проверка или верификација во Кредитниот Регистар и други бази на податоци за целите на воспоставување на деловниот однос, а во согласност со законите и интерните акти на Банката. Изјавувам дека сум согласен Стопанска банка бесплатно да ме информира за износот доспеаните обврски кон банката преку СМС порака на наведениот телефонски број. Потврдувам дека со притискањето на „Аплицирај Сега“ давам моја писмена согласност за горенаведените услови и информиран сум дека истата можам да ја повлечам преку филијалите на Банката или со јавување во Контакт Центарот.