КОРИСНИ СОВЕТИ ЗА ИНТЕРНЕТ-ТРГУВАЊЕ
• Купувајте кај веб-трговци на кои им верувате. Ако не сте чуле за нив, проверете ги. Бидете внимателни, како кога правите нарачки преку пошта или телефон;
• Бидете сигурни дека веб-страницата од каде што купувате ви дозволува да користите безбеден веб-пребарувач како што се Интернет експлорер или Мозила или сл. Ќе знаете дека страницата каде што вршите нарачка е кодирана и безбедна ако на долниот лев агол на прозорецот на пребарувачот се појави заклучена брава или непрекинат синџир. Во повеќето случаи, адресата на трговецот, исто така, ќе се промени од http:// во https://. Ако бравата е отворена или, пак, синџирот е прекинат, не е безбедно, па препорачуваме да купувате на други веб-страници;
• Ако користите веб-страница што бара ваша регистрација, чувајте ја вашата лозинка во тајност;
• Водете евиденција за направените трансакции при што ќе ја отпечатите страницата со нарачката како и условите на купувањето или, пак, запишете го телефонскиот број на трговецот, неговата e-адреса и интернет-адреса, која почнува со http:// - заедно со тоа што сте го купиле, цената и датумот. Повеќето трговци на интернет им праќаат на потрошувачите e-пошта со комплетна информација и податоци за купувањето. Чувајте ги овие информации;
• Проверете ја политиката за достава и за враќање на производот. Веб-страницата, исто така, треба да ве извести за начинот на испорака и за трошоците, валутата што се користи, како и за даноците што се плаќаат. Имајте предвид дека увозните царини можат да бидат скапи;
• Ако се претплатувате, бидете сигурни дека претплатата се однесува само на тој период за кој сте заинтересирани. Не согласувајте се на нешто што не го разбирате во целост – договор склучен на веб-страница е законски обврзувачки.